ЗАШТИТА

ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО ЗРАЧЕЊЕ

Целокупниот жив свет на Планетата Земја функционира или има влијание од електромагнетното поле/зрачење. За опстанокот на живиот свет вклучувајќи го и човекот неопходно е константното геомагнетно поле и сончевата енергија. Но истовремено секое деструктивно електромагнетно поле може да претставува сериозна закана по здравјето и животот на живиот свет на планетата Земја.

Човекот како природно усовршен модел, може да се заклучи дека тој претставува енергетско-физичка целина која истовремено е чувствителна и на многу фактори кои се случуваат во околината, планетата Земја и универзумот. Од тој аспект клеточната функција во човечкиот организам е пречувствителна на повеќе ендогени и егзогени фактори меѓу кои и на електромагнетни полиња. Процесот на истражување на штетноста од електромагнетните влијанија врз целокупниот жив свет отпочнал од по одамна, но научни посериозни и по значајни резултати за штетноста и заштитата од електромагнетните зрачења отпочнува уште од 1989 година и трае понатаму. Овие истражувања се отпочнати во истражувачкиот центар Сончев Зрак и Институтот за геобиологија ГАПЕ од Скопје. Во статистичката обработка опфатени се над 20.000 лица и 8.000 шталски крави, бикови и телиња. Од резултатите на научните истражувачки проекти се осозна дека, во над 95% од лицата со малигни заболувања нивните спални соби или работните места им биле изложени на геопатогени и/или космички извори на зрачења. Тоа беше поводот за да се конструира техничко решение за заштита на живиот свет од зрачење наречено “неутрализатор трансформер Био-СПХ”.

Поларитет и неговото значение

Природното електромагнетно поле познато како геомагнетно и сончевото поле играат голема улога во биолошкиот развој. Тие две енергии истовремено создаваат и свој поларитет со (+) или (-) поларитет, Според анализите се смета дека Сончевата енергија е (+) а геомагнетната (-), главата на живиот свет и лисјата кај растителниот свет се со (-) поларитет а нозете и корењата се со (+) поларитет сл.1 и 2. Секое спојување во природата се врши со(+) и (-) поларитет.

(Слика 1 и2 Поларитет на живиот свет во однос на Сонцето и Земјата)

Со функционирањето на овие две енергии живиот организам претставува еден вид био резонатор кој непрекинато осцилира и на тој начин се создава и функционира меѓу клеточната хармонија во организмот. Секоја енергетска – електромагнетно зрачење тн. Електро магнетна патогена деструкција се одразува и врз самата клеточна хармонија создавајќи клеточен дизбаланс. Клетките функционираат со размена на електрична во хемиска компонента. Секое дејство врз таа размена се одразува и врз функцијата и морфологијата на новите клетки се до појава на рак.

Правилно воспоставување и одржување на клеточниот поларитет е неопходно за развој и хомеостаза на сите метазоани. Механизмите на клеточениот поларитет се одговорни не само за диверзификација на клеточните форми, туку и за регулирање на асиметричните клеточни поделби на матичните клетки кои се клучни за нивно правилно самообновување и диференцијација сл. 3.Б. Нарушувањето на клеточниот поларитет, кој најчесто е резултат на изложеноста на електромагнетните зрачења е причина за појава на карциномот.

Деполаризираните клетки се различни од нормално поларизираните (здрави) клетки, и тоа по нивната морфологија, хармонија и функција, збиени во едно ткиво познато како тумор сл. 3Б.

Се смета дека ниските електрични компоненти од електромагнетното зрачење пред се се тие кој вршат деполаризација на клетките.

Слика 3. А. Поларизирани клетки; 3.Б. Деполаризирани и неправилни клетки

Што претставува канцер(рак)

Ракот не е единствена болест кој настанува од зрачењата, туку од гео и космопатологијата настануваат безброј заболувања меѓу нив и ракот. Терминот рак опфаќа повеќе од 200 болести, сите се карактеризираат со неконтролирана пролиферација на клетките. Игнорирајќи ги симптомите на телото: хроничен замор, болки по телото, висок притисок и др. малигните клетки се размножуваат и формираат тумори во органи и ткива или,  рак на крвта.

Познато дека ракот најчесто се јавува како причина од изложеност на електромагнетните зрачења посебно кога овие природни процеси во амбиенталниот простор се пореметени, од гео или космо патологија или други извори на зрачења.

Додека пак опстојувањето во безбеден или заштитен простор од гео, космо или техно патолошки влијанија, во здравото тело, клетките растат и се делат на контролиран и уреден начин за да ги заменат оние што остарееле или биле оштетени и/или умирале во процес наречен апоптоза сл.4.

Слика 4. Мутација на клетките и стварање на канцерот (рак)

Електромагнетно зрачење и заштита

Благодарение на геомагнетното поле, Земјата е опкружена со jоносфера – слој од разретчени јонизирани гасови со висока концентрација на јони и слободни електрони, кои се наоѓаат на височина од 50-70 km до 400-450 km од Земјата. Земјината атмосфера и јоносферата ги апсорбира УВ и X-зраците од Сонцето и од другите вселенски извори на зрачења. Без јоносферата и озонската обвивка, убиствените вселенски (космички) зраци, можат да го уништат живиот свет на Земјата. Земјиното електромагнетно поле или геоелектромагнетното поле е многу слабо, но неговата улога е клучна за целиот жив свет. Геомагнетното поле се протега околу Земјата на десетина илјади километри. Во случај на намалување на геомагнетното поле, вселенските извори на зрачење би биле убиствени за живиот свет на Земјата.

За нормален живот на човекот во физички и ментален план многу важен елемент е состојбата на неговото био енергетско поле кое има електрични и магнетни компоненти познато како Аура сл.5.

Самата аура е резултат на процесот на меѓусебна комуникација на клетките во организмот кој се одвива по пат на електромагнетни размени при кое се ствара аурата. Човекот е чувствителен на светлина, звук, радијација, на температурни разлики и на други надворешни и внатрешни фактори. Особено внимание треба да се посвети и на електромагнетното поле во сите негови видови и влијанија врз животната средина.

Слика 5. Енергетско поле околу човечкото тело ( Аура)

Древни сознанија за постоењето на природните зрачења

Опасноста за човекот од изложеност на зрачења на Земјата постои уште од самиот зачеток. Во многу случаи човекот не можел да ги предвиди опасностите кои го демнеат, како што се земјотреси, магнетни инверзии, соларни бури, поплави и други глобални или локални еко катастрофи. Сепак, посебно важно за човекот било познавањето и предвремено откривање на опасностите. Ако човекот навреме ги открие, тој има можност да се бори за избегнување или за заштита од нив. Еден од посериозните опасности за човекот е и електромагнетните природни извори на зрачења за чие постоење и штетност тој знаел од поодамна. Природните извори на зрачење им биле познати и на македонците од антички период.

Од своето животно искуство како и од трагедиите кои му се случиле тие осознавале го  следеле и проучувале секој до тогашен недоволно познат природен феномен, кој претставувал опаснос по нивното здравје и живот. На тој начин човештвото станало свесно за присуството на невидливиот сериозен убиец-зрачењето и како превентива тој почнал да избира здрави локации за живеење. Во поодамнешниот период го користел инстинктот и сензибилноста на животните. Античките народи осознале дека има места каде што луѓето почесто се разболуваат или предвремено умираат, и места каде што луѓето имаат добро здравје и доживуваат длабока старост. Од тука верувале дека секое место има свој дух (spiritus loci). Тие верувале дека во зависност од духот на локацијата ќе зависи здравјето и животот на жителите на избраното место.

Сето тоа покажува дека во древноста луѓето знаеле за присуството на зрачење и со успех се справувале со најсигурната метода – избор на здрави места за живеење.

Техничко зрачење

Од почетокот на минатиот век, се јавува уште еден извор на зрачење а тоа е технички (вештачки) извори на зрачења, овие зрачења се повеќе стануваат поприсутни узурпатори на животната средина.

Кон вештачките извори на зрачења спаѓаат сите електропреносни и електроупотребливи тела како што се: предаватели од мобилна и релејна телефонија, 5 G, радарски системи, далекопроводници, трансформатори и други електрични апарати и алатки кои ги користиме во секојдневниот живот.

Зрачењата се пренесуваат преку електромагнетни бранови. ЗА ПОВЕЌЕ

ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО ЗРАЧЕЊЕ

За опстанок на човештвото од електромагнетното зрачење, кое е се по присутно во животната средина неопходно е и потребата од заштита од истото. Поради неговата невидливост многумина посегнуваат да продаваат разни технички елементи во својство на заштита од зрачења. Таквите заштитни сретства најчесто се пренагласувани и не представуваат реална заштита. За реална заштита од електромагнетното зрачење може да биде прифатливо само научнотехничкиот доказ. Нај идеалната заштита се одвива со фронтална заштита или заштита по пат на трансформација на електричната компонента од електромагнетното поле. Сите овие заштити како и нивните методи на заштита опишани се во следниве точки итоа:

Заштита од електромагнетно зрачење по пат на облагородување

Овој вид на заштита од технички аспект не претставува заштита бидејќи не се регистрираат скоро никакви промени на електромагнетните бранови, ниту во интензитет ниту во штетност по изложените. Најчесто со тоа се злоупотребува стравот, сугестијата и болеста на граѓаните за да се добијат некакви парични или други добра. За ваквата т.н. заштита најчесто се применуваат пирамидални, округли или слични форми наполнети со песок или нешто друго, налепници и сллично под изговор дека тоа има или е некаков чип, сето тоа во поголем број на случаеви се само маркетнишки трик. Во овој тип на заштита се користат и разни цртежи на хартија и бои кои по емпириски пат се добива впечаток дека тие елементи заштитуваат од електромагнетно зрачење па дури и преку ѕидови. Како симптоматика кај одделни  лица со плацебо ефект имаат извесни симптоматски подобрувања но не и реални сл. 9.

Слика 9. Разни форми и материјали кои се препорачуваат на пазарот а пред се спаѓаат во облагородувачки средства

Заштита по пат на рефлекција

Овој вид на заштита претставува фронтална заштита, која како бариера е сочинета најчесто од рефлектирачки материјали: разни фолии, огледала, печатени плочи, кружни спирали и др. сл. 10. Оваа заштита целта може да е заштити од зрачење но факт е дека со пренасочување на зрачењето се загрозува животната средина каде што претходно било безбедно односно немало зрачење.

Слика 10. Спирали со различен корак

Овој вид на примена за заштита од зречење доколку се подудри фрекфенцијата со деблината и коракот на спиралата зрачењето како и кај другите рефлектирачки елементи се преусмерува према друга локација претходно безбедна сл.11.

Една од најчестите такви понуди се и заштитниците од зрачењето на мобилните телефони со разни метални или рефлектирачки елементи. Во овај случај понудените елементи кои се лепат на задниот дел од мобилниот апарат прекинуваат дел од бранот и го пренасочува на друга страна. Детекторот таа промена ја идентификува и тоа е голем маркетишки доказ за купувачот. Тој процес исто таков ефект постигнува и доколку на позадината од мобилниот апарат залепиме една метална монета наместо т.н. чип како што е дадено на слика 12. но во двата случаеви не претставува соодветна заштита.

Заштита од електромагнетни зрачења по пат на рефракција

Овој вид на пренасочување на електромагнетните зрачења се познати како рефракција. Исто и овој начин на заштита претставува загрозување на претходно безбедната околина сл. 13.

 

Слика 13. Рефракција

Заштита од електромагнетно зрачење по пат на дифракција

Овој вид на заштита од електромагнетните зрачења претставува по хумана заштита од претходните два типа. Бранот од зрачењето се распрскува и формира т.н. електромагнетна плазма која не му дозволува на бранот да продолжува понатаму сл.14.

Овој вид на заштита е сосема технички и научно оправдан и се применува во Сончев зрак а под контрола на Институтот ГАПЕ од Скопје, сл. 15-13.

Слика.15. Легенда: 1. Неполаризирана мрежа, 2. Електромагнетен бран; 3. Кристален индуктивен елемент; 4. Поларизирана мрежа; 5. Бакарни антени; 6. Електромагнетен бран.

Слика 16. Поларизирање и контрола на поларизираните мрежи од страна на Институтот ГАПЕ со специјални инструменти за поларизација и контрола.

Слика 17. Заштита од предаватели, далноводи и космопатологија со поларизирани мрежи и индуктивни кристални елементи и спирали на кров од нов објект во Скопј.

Слика 18. Монтирани поларизирана мрежа заедно со кристален индуктивен елемент и спирали на кровна подлога.

Слика 19. Заштитена основа за градба на објект за живење откако се постави основната базна плоча и хидрозаштитата поставени се поларизирани мрежи и спирали со индуктивни кристални елементи и антени врз кои се постила бетон. Вака заштитениот објект има заштита од геопатологија до 5 ката во вертикала

Слика 20. Заштитен објект од делот за гаражи со поларизирани мрежи и спирали, заштитата е од геопатологија а опфаќа до 5 ти кат.

Слика 21. Детектирано зголемено електромагнетни зрачења во детска соба од предавател на мобилна

Слика 22. По извршената фронтална заштита со поларизирани мрежи со индуктивни елементи и спирали во иста позиција по 1 час.

Овој вид на заштита го заштитува објектот од надворешните влијанија од електромагнетни зрачења сл. 23 и 24.

Овој вид на заштита погоден е доколку се изведува во процесот на градба на објектот или и потоа доколку за тоа има услови. Заштитата е фронтална и опфаќа по широк спектар на фрекфенции од пониските па се до неколку GHz

Слика 23. Влијанија врз и во објектот кој не е заштитен

Слика 24. Влијание врз објектот кој е заштитен со поларизирни мрежи и спирали со кристални индуктивни елементи или Био-СПХ

ЗАШТИТА НА ШТЕТНОТО ВЛИЈАНИЕ ОД ЕЛ. МАГ. ЗРАЧЕЊЕ ПО ПАТ НА СПРОТИСТАВЕНИ БРАНОВИ

Овој тип на заштитита исто така е од понов период а претставува разрушување на брановите со друг извор на бранови сл.25. каде што на сликата А) постои еден извор на бранови додека пак на сликата Б) постои уште еден соодветен извор точка 5. кој со неговите бранови ги пригушува брановите од точка 2. Овој тип на заштита нее оправдан бидејќи брановите од точка 5 можат и тие деструктивно да влијеат врз биолошкиот ефект на клеточно ниво. Најчесто овие методи се применуваат во безбедносни или воени цели за блокирање на радио фрекфенции или сл.

Слика 25. А) и Б) Принцип на делување на спротиставени бранови

Легенда:   А) 1. бранови, 2. Извор на бранови, 3. мерач на брановите.
Б) 1. бранови, 2. Извор на бранови, 3. мерач на брановите, 4. спротиставени бранови од друг извор точка 5.

ЗАШТИТА НА ШТЕТНОТО ВЛИЈАНИЕ ОД ЕЛ. МАГ. ЗРАЧЕЊЕ ПО ПАТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА

Овој тип на заштитита до скоро беше не познат за науката, но од 1992 година откако се конструира техничкото решение патент Био-СПХ и дава феноменални резултати таа метода е веќе позната. Овааа метода на заштита е слична со претходната но не и иста. Во случајов заштита со трансформација не претставува разрушување на брановите со друг технички извор на бранови како на сл.25. Сличноста е мошне голема особено со точка А) сл.25. каде што постои еден извор на бранови, додека пак на истата слика точка Б) наместо извор на спротиставено техничко зрачење сега во овој случај имаме трансформер Био-СПХ сл. 26-27.

Слика 26. Скица од техничкото решение за трансформација на електричната во магнетна компонента

Слика27. Еден од надворешните изгледи од техничкото решение за заштита од ел. маг. зрачење

Познато е дека во електромагнетното браново двишење постојат осцилации од електрична и магнетна компонента Сл.28. Двете компоненти се движат и взаемно  се преплетуваат, а на клеточно ниво нај агресивно врз клетката се одразува електричната компонента.

Слика 28. Взаемно движење на електромагнетниот бран

Со примена на заштита со трансформерите неутрализатори Био-СПХ, драстично се намалува електричната компонента сл. 29.

Слика 29. Трансформирање на ниската електрична компонента во магнетна

Со трансформирање на полето по природен пат драстично се намалува електричната компонента, при што се намалува и штетноста од зрачењата, а за сметка на тоа за некој процент се зголемува ниската магнетна компонента која позитивно се одразува на клеточно ниво

Во овој случај и движењето на електромагнетниот бран се одвива со знатно намален капацитет од електрична компонента сл.30.

Слика 30. Со трансформирање на електричната во магнетна компонента претставува намалување на интензитетот на амплитудата на електричната компонента во полза на магнетната и со тоа се обезбедува безбеден простор за живеење од ел. маг. зрачење.

Како резултат на намалувањето на електричната компонента на сметка на магнетната покажува и следниов графикон 1. Изработен врз лабараториските резултати на Био-СПХ во Германија. Од овој графикон се гледа дека со примена на новото техничко решение Био-СПХ електричната компонента до 400 kHz е драстично намалено, додека магнетната компонента од 0 до 500 Hz за извесен степен е зголемена. Од тука може да се каже дека оваа метода на заштита од електромагнетно зрачење претставува мошне применлива во практиката и успешна. Зголемената магнетна компонента од 0 до 500 Hz позитивно се одразува на клеточно ниво кај живиот свет. Применлив е во сите семејни и деловни простории, а целосно заштитува од геопатогени и космички зрачења, од техничките зрачења заштитува до 400 kHz кој спектар од зрачење е и нај штетен за живиот свет.

График 1. Видлива споредбена сестојба на електромагнетното зрачење со и без Био-СПХ.

Овој апарат кој преку интерференција на бранови има можност да електричната компонента од пониските фреквенции на електромагнетното поле е трансформира од електрична во магнетна и на тој начин се допринесува до непречена функција на клетките. Исто така заштитува од деполаризација. Анализата на клетки со темнополев микроскоп како и резултатите од мерењата на напрегнатоста на електричната компонента во кΩ ги потврдија влијанието од елекромагнетното поле врз функцијата на клетките. Додека во улогата на заштитата како по сериозна и по практична заштита од електромагнетно зрачење се докажа “неутрализаторот трансформер Био-СПХ” од Сончев Зрак од Скопје.

Начин на функција

Пасивните електро елементи специјално конструирани, по пат на константното геомагнетно поле и слободен простор околу него, има можнос да се активираат и да врши трансформација на електричната во магнетна компонента.

ВЛИЈАНИЕТО НА ЗРАЧЕЊАТА ВРЗ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОТПОРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА КОМПОНЕНТА НА КОЖАТА НА ЧОВЕКОТ И ЗАШТИТА СО НЕУТРАЛИЗАТОРИ ТРАНСФОРМЕРИ БИО-СПХ

 Познат е фактот дека во клеточната мембрана се одвива процесот на претварање од хемиска во електрична компонента, со вредност од помалку од 100 mV до +135 mV. Тоа ни укажува дека секое надворешно влијание од друга електрична компонента може да има влијание врз размената на хемиската во електрична компонента, а со тоа и во самата клеточна функција.

Досегашните сознанија кои се базираат врз резултатите од бројните студии укажуваат дека изложеноста на електромагнетни полиња, особено до 300 MHz, за извесен временски период предизвикуваат посериозни здравствени последици. При овај процес очекувано е да се појави и зголеменост на отпорот на електричната компонента во организмот, а со тоа и на кожата од телото. Во тој случај организмот претрпува оптеретување изразено во kΩ, а при тоа евидентни се и промена на структурата и функционирањето на клетките.

Заштитата со помош на Неутрализаторите Трансформери Био-СПХ доведе до трансформација на присутните електромагнетни зрачења во просторот по пат на интерференција на бранови и намалување на пониските електро компоненти од електромагнетните бранови.

Потребата од овие истражувања произлезе од се почестите појави на потешки заболувања вклучувајќи ги: малигните, кардиоваскуларните, имунолошките, нервнодепресивните и други.

Анализите покажаа дека старосната граница на појавата на позачестени заболувања со потешки дијагнози се сé позачестени и се спушта кај помладите генерации што ја поттикна изработката на овој проект.

Претходните научноистражувачки проекти за штетноста и заштитата од електромагнетните зрачења врз живиот свет дадоа низа позитивни резултати кои се обработуваа во досегашните научноистражувачки проекти.

Една од најновите методи на истражувања на штетноста од електромагнетните зрачења од антропогено и природно зрачење врз луѓето кое се реализираше во институтот ГАПЕ од Скопје е “ВЛИЈАНИЕ НА ЗРАЧЕЊАТА ВРЗ ОТПОРОТ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИТЕ БИО ПОЛИЊА КАЈ ЛУЃЕТО СО И БЕЗ ЗАШТИТА СО БИО-СПХ, ИЗРАЗЕНО ВО kΩ”.

Од оваа студија произлегоа низа нови сознанија и резултати околу штетноста и заштитата од електромагнетните зрачења врз луѓето.

Во оваа студија како извор на зрачење е избран космички јазол од третата космичка мрежа без заштита и со заштита со Био-СПХ, од кое се гледа разликата во кΩ сл. 31-32, и график 2 и 3, а во овие студии беа опфатени 115 лица.

Слика 31. Мерење на отпорот на кожата на изложено лице под Стојанов космички јазол без заштита

Слика 32. Контролно мерење на отпорот на кожата на изложено лице под Стојанов космички јазол со заштита со неутрализатор-трансформер Био-СПХ.

Споредбените мерењата се реализирани со помош на Skyn talk технологија, а времето помеѓу двете мерења не беше подолго од 10 минути. Автоматските графици 2 и 3 го докажуваат влијанието на космопатологијата и споредбено со заштитата со Био-СПХ.

График 3. Интензитет на човечкото тело во кΩ изложено на ел. маг. Поле без био-СПХ

График 3. Интензитет на човековото тело во кΩ изложено на ел. маг. Поле со Био-СПХ

ВЛИЈАНИЕ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИТЕ ЗРАЧЕЊА ВРЗ КРВТА КАЈ ЛУЃЕТО И ЗАШТИТА СО НЕУТРАЛИЗАТОРИ ТРАНСФОРМЕРИ БИО-СПХ 

Во досегашните научноистражувачки студии, скоро секогаш се потврдуваше штетноста кај целокупниот жив и растителен свет од влијанието на природните и антропогени електромагнетни зрачења.

Студии се правени врз растенија, животни и луѓе, од каде штетноста и последиците од електромагнетните зрачења беа скоро секогаш присутни.

Земајќи го во предвид тој факт направени се споредбени анализи на крвни клетки со  неутрализатор трансформер Био-СПХ. Студиите за неговата ефикасност покажаа низа резултати во подобрување на здравствената состојба кај пациентите како и во превентивната здравствена заштита.

Анализирајќи ги низата резултати неможе а да не се констатира дека сиот тој процес се случува на ниво на клетка. Оттаму произлезе потреба од студија на влијанието на електромагнетните зрачења природни и антропогени врз крвна клетка како и заштита со помош на неутрализатори трансформери Био-СПХ.

Од природните извори на зрачења анализирано е Стојанов космички јазол а од антропогените извори на зрачења употребени се два мобилни телефони сл. 33 и 34. Резултатите покажаа дека разликата на опстанокот на крвните клетки со и без заштита, а изложени на зрачења е огромна.

Слика 33. Растојание и поставеност на двата мобилни телефони до микроскопот на кој е поставена набљудуваната капка крв

Слика 34. Контролна анализа на ново поставена капка крв под исти околности но со заштита со неутрализатор трансформер Био-СПХ.

Третирање на крвта под дејство на овие зрачења се одвиваше  по10 минути без заштита и повторното тестирање на новопоставената крв, повторно 10 минути но со заштита. Контролната анализа на новопоставена капка крв беше од од ист дарител и спроведено по 15 минути од претходната анализа под исти услови само со присуство на неутрализатор трансформер Био-СПХ.(сл. 1 и 2).

Очекуваните резултати веднаш потврдија дека електромагнетните зрачења можат сериозно да влијаат врз клетката.

Забележително беше дека анализираната капка крв под дејство на Стојанов космички јазол и два активни мобилни телефони претрпува своевиден агресивен напад врз сопствените еритроцити и симбиоти. Веднаш по самото изложување на горенаведените извори на зрачења движењето на еритроцитите и симбиотите се повеќе се забавуваше при што тие почнаа да се групираат во соодветни групи.

Интересен беше фактот кој ја потврдува тезата дека клетките ставени во електромагнетно поле предизвикано од два мобилни телефони и Стојанов космички јазол, еритроцитите, поточно нивната мембрана, како и протеините од крвната плазма под дејство на електромагнетните зрачења го менуваат својот поларитет.

На овој начин одделни мембрани се деполаризираат, што значи дека надворешната страна од мембраната стануваат од позитивни во негативни и се прилепуваат на соседните еритроцити кои не се деполаризирани. Со тоа може да се каже дека електромагнетните зрачења вршат деполаризација на клетките. Тој факт беше очигледен по 6 минути од третирањето на крвта. Симбиотите кои покрај нивната претходна добра подвижност и меѓусебна јасна ограниченост почнаа да се преливаат една во друга при што ја изгубија својата претходна независна целост и морфолошка состојба (сл.35 – 38).

Slika_35

Слика 35. Почетна состојба на еритроцитите и симбиотите при почетокот од третирањето под зрачењата.

Slika_37

Слика 37. Повторна почетна состојба на еритроцитите и симбиотите при почетокот од третирањето под зрачењата но со присуство на неутрализатор трансформер Био-СПХ.

Slika_36

Слика 36. Состојба на еритроцитите и симбиотите по 10 минути од третирањето под зрачењата.

Slika_38

Слика 38. Состојба на еритроцитите и симбиотите по 10 минути од третирањето под зрачењата под идентични услови но со присуство на неутрализатор трансформер Био-СПХ.

Оваа студија ги открива досега недоволно познатите методи на дејствување на електромагнетното зрачење за појавата на заболувањето кај луѓето и начинот на реакцијата на клетките.

Со тоа може да се констатира дека зрачењето деструктивно влијае врз клеточната функција сл.39 и 40 вршејќи целосен клеточен функционален и морфолошки дисбаланс.

Слика 39. Попречување на меѓуклеточната соработка на клетките со ел. маг. зрачење

Slika_40

Слика 40. Биолошки ефект врз хромозомите од ел. маг. зрачење

Со тоа може да се заклучи дека заштитата од електромагнетните зрачења е неопходна и секоја превентивна постапка може да спречи катастрофални последици по здравјето и животите на луѓето сл.41 -43

Слика 41. Визуелна слика на дневна соба без заштита со Био-СПХ

Слика 42. Слика од дневна соба со заштита со Био-СПХ

Слика 43. Заштита на здравјето од електромагнетно зрачење со Био-СПХ

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com

    Cart