ЗНАЧЕЊЕТО НА ГЕО-ЕЛЕКТРОМАГНЕТНОТО ПОЛЕ И ЈОНОСФЕРАТА
Благодарение на геомагнетното поле, земјата е опколена со јоносфера. Јоносферата е слој од разретчени јонизирани гасови со висока концентрација на јони и слободни електрони, кои се сретнуваат во височина од 50-70 km до 400-450 km од Земјината атмосфера. Јоносферата ги впива ултравиолетовите и рендгенските зрачења од Сонцето и од другите извори на зрачења во космосот. Без јоносферата и озонскиот слој, убиствените космички зрачења би уништиле сé што е живо на земјата. Земјиното магнетно поле или геомагнетното поле е мошне слабо и неговата релативна вредност изнесува Е=130 V/m за електрично поле и Н=40 A/m за магнетното поле. Неговата улога за целокупниот жив свет е мошне значајна. Геомагнетното поле се простира околу Земјата на висина од десетина илјади километри. Во последните десетина години беше докажано дека магнетното поле е во постојана промена и тоа од периодичен карактер. Со испитувањата се докажува дека северниот и јужниот магнетен пол се менувале, односно стрелката на компасот наместо на север покажала на југ. Таа промена се вика инверзија. Се претпоставува дека во последните 10 милиони години се случиле девет инверзии, од кои последната била пред 600-700 илјади години. По инверзијата магнетното поле се намалува околу три пати, но се претпоставува дека може да биде и поголемо.
СОЗНАНИЈА ОД ДРЕВЕН ПЕРИОД ЗА ОПАСНОСТИТЕ ОД ЗРАЧЕЊАТА
Природните извори на зрачење отсекогаш постоело и ќе постои, само прашање е кое и колку е присутно или не, константно или променливо, природно или техничко и ред други прашања. Опасноста од зрачењето на Земјата постоела уште од зачетокот на живиот свет, вклучувајќи го и човекот. Некои опасности тој не бил во можност да ги решава и да ги предвидува, како на пример: разните земјотреси, магнетни инверзии, сончеви бури и други глобални екокатастрофи. Но, во други случаи пресудно за неговиот опстанок било препознавањето на опасностите што го демнееле, а кои можел да ги избегне доколку истите благовремено ги открил. Една од тие биле и природните електромагнетни зрачења за чие постоење и штетност човекот станал свесен уште од многу поодамна. Со милениуми човечките грешки и незнаење предизвикувале последици по неговото здравје и живот. Поучени од животното искуство, природниот инстинкт како и од трагедиите што им се случувале, луѓето сé повеќе осознавале за присуството на невидливиот сериозен убиец – зрачењето. Почнале да се занимаваат со избирање на здрави локации за живеење. Во прво време од страна на античките народи биле користени инстинктот и сензибилитетот на животните. За таа цел луѓето следеле каде стадата овци или коњи најчесто се задржувале и преноќувале-спиеле. Таа локација ја избирале за изградба на населби. Исто така, на претходно избраната локација чувале стада овци, кои по една година ги колеле. Во зависност од здравствената состојба на овците, чија утроба била мошне студиозно набљудувана, било решавано дали на таа локација може да се подигне населба за живеење или не. Старите Римјани верувале дека секоја локација си има свој дух (spiritus loci). Тие осознале дека има локации каде што луѓето почесто се заболувале и умирале и локации каде што луѓето со добро здравје доживувале длабока старост. Верувале дека локацијата со “својот добар дух” може да дава здравје, живот и среќа, односно може да ги одзема доколку биде со лош дух (во зона на зрачење). Сето тоа укажува дека старите народи знаеле за присуството на зрачења и успешно се спротивставувале со најсигурната метода – избор на здрави локации за живеење. Оваа метода на детекција се вика радиестезија, самите помагала радиестезиски помагала, а луѓето што ја вршат оваа работа се нарекуваат радиестезисти. Самото име радиестезија е добиено од латинскиот збор radiare-зрачење и античкиот збор aisthanomai-чувствувам, што значи дека детекцијата со помош на радиестезиските помагала се врши преку човечкиот организам, односно човековото електромагнетно поле, познато како аура.
Денес човештвото го напаѓа уште еден мошне силен извор на зрачење, а тоа е техничкиот извор. Овој вид на извор станува се поприсутен во животната околина, како нов вид на агресор, кој го има наметнато самиот човек, а без кој сега тешко може да се опстане. Во одредени ситуации не се може ниту без него ниту со него. Такви ситуации за жал често постојат каде што во интерес на профитот се градат далекопроводи и сл. до објекти за живеење. Повеќе за тоа во Видови.