ЗАШТИТА ОД ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО ЗРАЧЕЊЕ
Целокупниот жив свет на Планетата Земја функционира или има влијание од електромагнетното поле/зрачење. За опстанокот на живиот свет вклучувајќи го и човекот неопходно е константното геомагнетно поле и сончевата енергија. Но истовремено секое деструктивно електромагнетно поле може да претставува сериозна закана по здравјето и животот на живиот свет на планетата Земја.
Човекот како природно усовршен модел, може да се заклучи дека тој претставува енергетско-физичка целина која истовремено е чувствителна и на многу фактори кои се случуваат во околината, планетата Земја и универзумот. Од тој аспект клеточната функција во човечкиот организам е пречувствителна на повеќе ендогени и егзогени фактори меѓу кои и на електромагнетни полиња. Процесот на истражување на штетноста од електромагнетните влијанија врз целокупниот жив свет отпочнал од по одамна, но научни посериозни и по значајни резултати за штетноста и заштитата од електромагнетните зрачења отпочнува уште од 1989 година и трае понатаму. Овие истражувања се отпочнати во истражувачкиот центар Сончев Зрак и Институтот за геобиологија ГАПЕ од Скопје. Во статистичката обработка опфатени се над 20.000 лица и 8.000 шталски крави, бикови и телиња. Од резултатите на научните истражувачки проекти се осозна дека, во над 95% од лицата со малигни заболувања нивните спални соби или работните места им биле изложени на геопатогени и/или космички извори на зрачења. Тоа беше поводот за да се конструира техничко решение за заштита на живиот свет од зрачење наречено “неутрализатор трансформер Био-СПХ”.