Димензиите на К.С.Р. се различни, но во просек изнесуваат околу 12 х 6 m. Димензиите може да варираат со по неколку метри. Во внатрешниот дел точките се асиметрични и групирани кон запад, односно со извесен степен кон север.
Според карактеристиките на К.С.Р., тие не спаѓаат во групата на космички јазли, поради тоа што не потекнуваат од мрежи како трите претходно познати и не се идентификува дека се меѓусебно поврзани.
К.С.Р. за разлика од досега обработените и познати космички мрежи се разликува од неколку аспекти, меѓу кои:
– техничките карактеристики;
– процесот на заштита;
– штетноста;
– можноста за нивно искористување и др.
Овие космички С-точки доколку се најдат на лежај за спиење или работно место со константно седење, кај изложените предизвикуваат болки во коски и најчесто го напаѓаат коскеното ткиво, но и другите органи. Од досегашните анализи, овие зрачења пред се претставуваат високо канцерогени, што значи дека доколку на нив се биде изложен подолг временски период може да настане промена во ткивото со малигни состав.
Заштитата може да се изврши со помош на поларизирани мрежи и спирали како и со неутрализатори трансформери Био-СПХ. За само овој тип на зрачење заштитата со Био-СПХ се препорачува да биде од нивната западна страна.
Каде што има С.К. точки во просторија која ја заштитуваме со Био-СПХ, откриено е дека апаратите за заштита треба почесто да се носат на контроли споредбено со друг заштитен простор каде што нема С.К. точки.
“Космички Стојанов појас или (К.С.П.)”
Во поново време откриен е нов вид на точкасти космички зрачења. Овие космички точки се со пречник од ≈ 2 cm, а истите се групирани и според изгледот на формата која ја сочинуваат, наликуваат на појас (сл. 18). Кога станува збор за името на ова ново откритие, како и на досегашните космички извори на зрачења, името и на ова откритие се нарекува според:
а) неговото потекло – космички;
б) името на пронаоѓачот – д-р Стојан Велкоски;
в) самиот изглед – во вид на појас.
Според тоа новото откритие гласи: “Космички Стојанов појас” или К.С-појас (К.С.П.), додека самите точки Космички Стојанови точки од појас или (К.С.Т.П). Последните и дефинитивни мерења беа направени на 22.03.2008 год. во 13:00 часот, на локација на ул. Мите Богоевски, во населба Лисиче-Скопје. Ширината на К.С.П. изнесуваше ≈ 19,30 m. и се протегаше на околу 320° С-И, Ј-З. Во споредба со К.С.Р. овие точки се сразмерно и подеднакво подредени и наликуваат на појас, но нивното растојание е поголемо во правец на ширината на К.С.П., а пократко во насоката на протегање на К.С.П. Точките кои се наоѓаат во централниот дел на К.С.П. се со поголема меѓусебна раздалеченост и изнесуваат ≈ 40 cm. во правец на ширина на К.С.П. и ≈ 21 cm. во правец на протегање. Во крајните странични делови од К.С.П., во насока на должината, растојанието на точките е позбиено и изнесува ≈ 20 cm, а растојанието на К.С.Т.П. во правецот на ширината на К.С.П. изнесува ≈ 25 cm. Во повеќето случаи на идентификација на К.С.П., забележано е дека, К.С.П. се сретнува во целосен број на точки, без поединечни точки како што е случајот со К.С.Р. Овој вид на зрачење се забележувава и на други локации меѓу кои и во населбите: Пржино, Карпош и други места во Скопје и пошироко. Од горе наведеното може да се заклучи дека растојанието на точките од К.С.П. значително се зголемува во централниот дел од К.С.П., особено на растојанито помеѓу точките во правец на ширината на К.С.П., а во правец на протегање остануваат исти.