ЦЕЛИ, ПРОЕКТИ, ИСТРАЖУВАЊА

Целите за формирањето на “Сончев зрак” беа од светско значение во неколку етапи итоа:

– Воведување на Радиестезијата во официјална дејност која со тек на време да стане и призната наука;
– Воведување на високи критериуми на професионалност, односно да нема разлики во резултатите од еден до друк овластен Радиестезист;
– Собирање на податоци од терен и експериментирање;
– Публикации на научни трудови и издавање на литература;
– Основање на научна установа Институт за Геобиологија.

Денес по 27 години “Сончев зрак” ги има завршено следните етапи итоа:

– Воведени се високи критериуми на професионалност, односно нема разлики во резултатите од еден до друк овластен Радиестезист;
– Собрани и обработени се статистички податоци за 20.000 лица, 8.000 грла крупен добиток, 2 000 пчелни семејства и други податоци од терен и експериментирање;
– Публицирани се над 50 научни публикации на меѓународни конгреси во кои главна тема била Зрачењето односно Радиестезијата и од литература издадени се три капитални дела, и тоа: “Термоминералните карактеристики на Република Македонија”, “Хидрогеологија и хирогеолошките карактеристики на Република Македонија”, “Општа и применета радиестезија”.
– Основана е научна установа Институт за Геобиологија ИГАПЕ Скопје и веќе е препознатлив по своите научноистражувачки и иноваторски дела широм светот.

“Сончев зрак” Има неколку научни откритија и патенти, како на пример:

– Меѓународен патент за заштита на животната средина од електромагнетни зрачења Био-СПХ;
– Ново откритие “Космичка Стојанова мрежа”
– Ново откритие “Космички Стојанов roj”
– Ново откритие “Космички Стојанов појас”
– Ново откритие “Безбедносен космоводен простор”
– Пријавен патент за искористување на космичка мрежа за телекомуникација;
– Патент за заштита од горски пожари;
– Патент во припрема за набљудување на планетарниот систем (астронаука);
– Патент за заштита на урбаните објекти со поларизирани мрежи и спирали;
– Патент за заштита од терористички напади врз урбаните води;
– Конструирана е биоквантен генератор
кој има својство да влијае за чистење на квантната енергија која влијае на здравјето, расположението и иднината на луѓето. Конструирана е по пат на кристали кои имаат својство да ја неутрализира квантната енергија од просторот.

Има изработено повеќе научно-истражувачки проекти за долготрајно решавање на проблемот со водата за пиење во неколку населби, фабрики и индивидуални објекти. Специфичноста во “Сончев зрак” за успешно и брзо решавање на овие проблеми, меѓу другото е и користењето на неколку научно-технички методи од областа на хидрогеологијата, геофизиката, геобиологијата и други техники и методи. На тој начин се формира успешен тим, кој е подготвен да решава разни проблеми со недостиг од техничка вода и вода за пиење за поголеми населби и градови.

“Сончев зрак” исто така, професионално изработува елаборати за присуство на електромагнетно зрачење од разни извори од: далноводи, трафостаници, ТВ и радиопредаватели, телефонски предаватели и од други зрачења, кои можат штетно да влијаат врз здравјето на луѓето.

Врз основа на член 11 став 3 од законот за заштита и унапредување на животната средина и природата (“Службен весник на РМ“ бр.69/96, 13/99, 41/00, 96/00 и 45/02) заменик министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за овластување за вршење определени видови на стручни работи за заштита и унапредување на животната средина и природата, при што ”Сончев зрак” се овластува, да врши определени видови стручни работи за заштита и унапредување на животната средина и природата.

“Сончев зрак”, исто така, сериозно настапува во спроведувањето на многу еколошки проекти. Соработува со повеќе правни и физички субјекти кај нас и надвор од земјава. Има склучено повеќе договори за научно-техничка соработка и со академии, како што е и договорот склучен со ИКИТ-БАН и др.

Целта ни е проширување на соработката во повеќе земји во Европа и пошироко, во зависност од остварувањето на организацискиот план, како и од општиот развој на “Сончев зрак”.

Нашата платформа се заснова, пред сé, врз научно-техничка и образовна програма која формира висококвалитетна целина. “Сончев зрак” е отворен за соработка и со други институти, универзитети и академии секаде во светот, пред сé заради остварување на заедничките интереси и интересот на целокупниот жив свет.

За професионалното работење на “Сончев зрак” говорат и соодветните овластувања, бројните сертификати, научни проекти, професионалноста од над 25 години и др.

Мисија на компанијата

  • Откривање на причинителите на појавата на малигните заболување
  • можност за конструкција на технички уред од заштита од електромагнетно зрачење на населението во работни и семејни простории
  • настапи на научни конгреси и изложби за иновации
  • следење и откривање на можни нови неоткриени влијанија од космосот и земјата кои можат негативно да се одразуваат на опстанокот и здравјето на целокупниот жив свет вклучувајќи го и човекот.
  • Соработка со научни и други институции
  • Изработка на статистички податоци за поодделни извори на влијанија врз целокупниот жив свет вклучувајќи го и човекот
  • Вршење на услуги на правни и физички лица

Визија на компанијата

  • Нашата визија е Сончев зрак да стане претпознатлив поим и бренд за детекција и заштита од електромагнетно зрачење.
  • Искуствата да ги ставиме во еден труд книга
  • да реализираме конструираме иновација која ќе биде еден од најуспешните заштитни апарати од електромагнетните зрачења.
  • Да извршиме извоз на новиот апарат во странство.
  • Да обучиме млад кадар кој ќе ја шири идеологијата на науката во странство.
  • Да го вовоедеме со правни рамки за законот за градење
  • Острочување на геопатолози во сите општини во Република Македонија
  • Експерементирање и научно следење на живиот свет.

Овластувања, награди и признанија

  •  Овластување за вршење на дејност од Министерство за животна средина
  •  Овластување од Институтот ГАПЕ
  •  Признание од Министерство за економија – Завод за патенти

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com

    Cart