ЗА ОСНОВАЧОТ

Основачот на “Сончев зрак”, д-р Стојан Велкоски, роден во Кичево, веќе подолго време живее и работи во Скопје. Уште многу одамна се занимава со оваа проблематика. Со високо образование се стекнува во СФРЈ, две магистерски студии завршува во НБУ-БГ, завршува две докторски студии, од кои едната во НБУ-БГ, а другата при ИКИТ-БАН Софија која ја одбранува во 2012 година, а е на тема “Геопатогени зони штетност и заштита” (сл.1). Во 2014 инугуиран е за академик при бугарската академија за наука и уметности во секторот за космички науки. Истовремено Акад. Велкоски, за придонесот во развојот на науката “Геобиологија” од страна на Институтот ГАПЕ од Скопје и свое име на 23.06.2012 год. во Хотел Александар Палас во Скопје им додели Благодарници на Министерството за образование и наука на Република Македонија, ИКИТ-БАН, Амбасадата на Република Бугарија, градоначалници, истакнати личности од дома и странство и на неколку медиуми.

Во излагањето пред многуте медиуми, меѓу другото Акад. Велкоски кажа дека Сончев зрак е еден од светските водечки правни субјекти, кој од втората половина на осумдесетите години од минатиот век, студиозно го отпочна истражувањето и развојот на Геобиологијата и Геопатологијата, при што успехот на овој труд е крунисан со бројни иновации, научни трудови и проекти за на крај да оснива и научна Институција Институт за геобиологија, археологија подземни води и еколкогија ИГАПЕ-Скопје.

сл.1 Свечано примање на втората докторска диплома на 23.06.2012 год. во Хотел Александар Палас во Скопје

сл.2 Свечано доделување на благодарници од страна на д-р Велкоски и ИГАПЕ-Скопје, во Хотел Александар Палас во Скопје

Подоцна и како доктор по еколошки науки, а потоа и д-р по геопатологија, сериозно се зафати за проект што ќе може да го заштити населението од сериозниот и потенцијален убиец – зрачењето. Повеќе години самостојно работеше на полето на истражувањето и на решавањето пооделни проблеми, врз кои сега се заснова програмата на “Сончев зрак”. За конструкција на проектот – новото откритие “Неутрализатор Трансформер Био-СПХ”, тој работеше пет години, потпомогнат од експерти за електроника, физика и за други области. Завршувањето на овој проект претставуваше огромен успех, како за авторот така и за целокупниот научен тим, кои придонесоа за примената на новото техничко решение, во прво време познато под името СОНПЕТХРИСТ, а сега познато како “Неутрализатор Трансформер Био-СПХ”.

Откако Био-СПХ ги даде првите очекувани резултати отпочна нова ера во однос на насоката на истражувањата на “Сончев зрак” и во однос на безбедноста на корисниците на Био-СПХ, кои можат лесно, едноставно и сигурно да го решат својот сериозен проблем. Авторот на Био-СПХ Акад. Стојан Велкоски изврши домашна и меѓународна пријава и патентирање на иновацијата.

За успешноста и за улогата на Био-СПХ, авторот од 1990 год. преку “Сончев зрак”, а покасно и преку “Институтот ГАПЕ” постојано учествува на меѓународни изложби на пронајдоци, меѓународни конгреси, трибини и други научно-едукативни настапи во јавноста. На повеќето од нив беше презентирана штетноста од електромагнетното зрачење. Како резултат за улогата и доприносот во науката има добиено повеќе научни одликувања, меѓународни почесни признанија, членства, медали, дипломи и друго, како на пр:

– Член на БАНИ;
– Почесен член на Европската Академија на уметностите со седиште во Парис;
– Член на Сојузот на научниците на Република Бугарија;
– Почесен професор и препорака за членство во Европската Академија на уметностите добиено од Меѓународниот Инситут за афирмации со седиште во Брисел;
– Почесен Професор наименуван од меѓународната асоцијација за мир во Светот;
– Почесен Професор наименуван од: UNESKO, UNICEF i ECOSOK;
– Повеќе склучени договори за научнотехничка соработка со Академии, институти и други институции;
– Добитник на највисоки меѓународни награди за иновации: највисока награда во Пицбург, САД во 1998, златен медал во Софија на изложбата East-West Euro Intellect 1999 г. сребрен медал со диплома на Еурека 1994, како и многу други значајни признанија и награди (сл. 3-6).

Слика 3. Едно од многуте доделувања на светски  признанија на авторот на проектот Био-СПХ

Слика 5. Доделување на златна медаља на светско ниво на авторот на проектот Био-СПХ

Слика 4. Доделување на златна медаља на светско ниво на авторот на проектот Био-СПХ

Слика 6. Доделување на орден за наука на д-р Стојан Велкоски од ИГАПЕ-Скопје,  од страна на директорот на Институтот ИКИТ од Бугарската Академија на науки Проф. д-р Петар Гецов, за долгогодишната успешна научнотехничка соработка помеѓу двата институти

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com

    Cart