Причинители за појава на малигни тумори (канцер)
Од медицинска гледна точка малигното заболување претставува органско заболување чиј причинител најчесто се бара во генетската предиспозиција или стрес. Современата медицина вложува големи напори во дијагностиката и тераписките методи за справување со оваа сé почеста сериозна болест, која не избира возраст и пол.
“Сончев зрак” од Скопје повеќе години работи на откривање на причинителот на оваа мошне сериозна закана за човештвото. Заканата е сé посериозна ако го земеме предвид начинот на живеење, секојдневната изложеност на технички, подземни и космички извори на зрачења.
За таа цел “Сончев зрак” изработи неколку научни проекти, со кои се опфатени живеалишта на околу 20.000 луѓе од станбени и индивидуални објекти. Резултатите од истражувањата покажаа дека објектите во кои се појавиле повеќе заболувања во едно семејство, биле изложени на геопатогено и космичко електромагнетно поле, особено спалните соби на заболените или починатите. Истовремено следени се состојбите на другите членови од истите семејства што се иселиле од тој објект многу порано. Истите доживеале длабока старост и биле со добро здравје, а истражувањата покажале дека живееле на безбедна локација.
Овие резултати од истражувањата ја надополнуваат современата медицинска теза, дека покрај генетската предиспозиција како причина на појавата на малигни болести голема улога играат и останатите фактори.
Направени се истражувања на повеќе објекти, висококатници, од кои едната половина била на безбедна зона, а другата на геопатогени и космички електромагнетни засилени полиња.
Резултатите се состојат во следното:
Во безбедната вертикала има по 2-5 смртни случаи од старосна или случајна смрт, но не и малигни заболувања. Во другите вертикали што биле во зона на спомнатите полиња на зрачења има десетици смртни случаи од малигни заболувања. Во двете вертикали станарите не се семејно, односно генетски поврзани, но очигледна е разликата во здравственита состојба следејќи ги паралелно.
Истражувани се повеќе вакви објекти и добиени се скоро идентични резултати. Наспроти тоа, овие истражувања ја потврдуваат нашата теза дека малигните болести во висок процент се појавуваат како резултат на присуството на електромагнетните полиња и зрачењата. Електромагнетните зрачења влијеат врз клеточната и меѓуклеточна соработка сл.7. Електро магнетното зрачење делува врз ДНА при што се ствараат деструктивни морфолошки промени на самата клетка кои потоа се групираат и претставуваат тело во тело познато како канцер или рак сл. 8.