ОСНОВАЊЕ, ЦЕЛ И РАЗВОЈ

“Сончев зрак” е формиран во 1989 год. во Скопје, Република Македонија. Основач на “Сончев зрак” е Акад. Стојан Велкоски д-р на геопатологија и заштита на животната средина. Од 2007 година директор на “Сончев зрак” е Јане Велкоски. Целта на формирањето на “Сончев зрак” беше припрема за основање на институт, кој ќе опфати едно мошне чувствително поле од секојдневниот живот. Примарната активност е насочена кон истражување на штетноста и заштитата од електромагнетните зрачења за целокупниот жив свет со проучување, истражување и експериментирање во областа на геобиологијата. Во првите години активноста беше насочена првенствено кон детекција на природни и технички електромагнетни зрачења во семејни и работни простории, од кои се прибираа вредни статистички податоци за последиците од електромагнетните зрачења врз целокупниот жив свет. Фактите со кои располага “Сончев зрак” се мошне стручно обработени и достапни за понатамошни научно-едукативни потреби. Секојдневните наоди добиени од теренот беа застрашувачки индикатор за опасноста од електромагнетното зрачење. Во втората половина од 20 век по повод бурната емиграција село-град, новите населби се градеа на локации крајно опасни по здравјето на луѓето. Согледувајќи ја опасноста за идните жители во тие населби, “Сончев зрак” отпочна со низа јавни настапи, за да се информира јавноста за опасноста што им претстои на жителите. За таа цел беа одржани повеќе јавни трибини, беа емитувани документарни ТВ-емисии, радиоемисии, беа напишани многу статии во разни весници. Неколкупати по писмен пат, со предлог-проект, од Владите на Република Македонија во неколку наврати беше побарана измена и дополнување на Законот за заштита на животната средина и просторно планирање, со кој беше опфатено и полето за заштита од геопатогени електромагнетни зрачења. Побарана беше и средба за изнаоѓање превентивно решение за сериозниот проблем. Беа одржани неколку средби со претставници од министерствата и радиестезиските здруженија, но сето тоа не даде позитивни резултати.

Во 2009 година за прв пат се успеа, геобиолошките мерења, во чиј состав влегуваат и радиестезиските детекции, да се постават на собраниска расправа за примена во законот за градење. Во Собранието од страна на Парламентот оваа предлог точка се усвои, но преостанува понатамошниот процес за внесување и имлементирање во самиот закон.

По имплементацијата на оваа точка во законот за градење, нема да се влијае врз урбанистичките и архитектонски планови, ниту нешто подрастично во цената на становите, туку само со соодветни геобиолошки препораки и технички интервенции, проблемот благовремено може да биде решен.

“Сончев зрак” од основањето до денес, првенствено се занимава со следните активности:

– Детекција на природни и технички електромагнетни зрачења;
– Хидрогеолошки истражни работи;
– Заштита од електромагнетни зрачења;
– Производство на заштитни уреди од електромагнетни зрачења;
– Научноистражувачка активност во областите на: хидрогеологија, геобиологија, екологија, биологија, земјоделие;
– Истражувања во областа на астронауката и др.

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com

    Cart