Основачот на “Сончев зрак”, д-р Стојан Велкоски, роден во Кичево, веќе подолго време живее и работи во Скопје. Уште многу одамна се занимава со оваа проблематика. Со високо образование се стекнува во СФРЈ, две магистерски студии завршува во НБУ-БГ, завршува две докторски студии, од кои едната во НБУ-БГ, а другата при ИКИТ-БАН Софија која ја одбранува во 2012 година, а е на тема “Геопатогени зони штетност и заштита” (сл.1). Во 2014 инугуиран е за академик при бугарската академија за наука и уметности во секторот за космички науки. Истовремено Акад. Велкоски, за придонесот во развојот на науката “Геобиологија” од страна на Институтот ГАПЕ од Скопје и свое име на 23.06.2012 год. во Хотел Александар Палас во Скопје им додели Благодарници на Министерството за образование и наука на Република Македонија, ИКИТ-БАН, Амбасадата на Република Бугарија, градоначалници, истакнати личности од дома и странство и на неколку медиуми.
Во излагањето пред многуте медиуми, меѓу другото Акад. Велкоски кажа дека Сончев зрак е еден од светските водечки правни субјекти, кој од втората половина на осумдесетите години од минатиот век, студиозно го отпочна истражувањето и развојот на Геобиологијата и Геопатологијата, при што успехот на овој труд е крунисан со бројни иновации, научни трудови и проекти за на крај да оснива и научна Институција Институт за геобиологија, археологија подземни води и еколкогија ИГАПЕ-Скопје.